Поранешен европратеник призна вина за корупција во Европскиот парламент, ќе соработува да добие помала казна
Поранешниот европратеник Антонио Панцери се договори со обвинителите и ќе сведочи против другите обвинети во истрагата за корупција во Европскиот парламент, позната како Катаргејт, објавија медиумите во Белгија, каде што се води истрагата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Панцери призна дека му префрлил 120.000 евра на белгискиот европратеник Марк Тарабела.
Претседателката на ЕП, Роберта Мецола вчера објави дека белгиските власти побарале имунитет за Тарабела и неговата колешка Андреа Козолино. Одлуката за тоа барање се очекува во февруари.
Според договорот за признавање вина, Панцери се очекува да добие помалку од минималната казна доколку биде осуден. Додека Обвинителството ќе остане на барањето тој да биде казнет со ефективна затворска казна, како и со одземање на милион евра и парична казна.
Панцери вети дека ќе даде искрено, целосно и значајно сведочење. Тој беше приведен на 9 декември минатата година и обвинет дека е шеф на криминална група која ги промовирала интересите на Мароко и Катар во ЕП. Во случајот беа приведени и заменик-претседателката на Европскиот парламент, Ева Каили и нејзиниот партнер.
Ева Каили делумно призна вина: Низ дома ѝ поминувале куфери со пари, ама не знаела чии се


