Поради скокот на цената на горивата во Германија, кражбите стануваат сè почести

Порастот на цените на горивата во Германија доведе до бран кражби на дизел горива, особено од градилишта, цистерни и камиони, соопшти германската полиција, објави „Билд“.

Во последните неколку дена, инциденти беа пријавени во Долна Саксонија, Хесен и Баден-Виртемберг, во кои непознати лица украле илјадници литри гориво.

Само во Бизендорф, 3.000 литри дизел исчезнаа од градилиштето, а во Швалм-Едер, повеќе од 1.500 литри исчезнаа од резервоари и градежна опрема.

„Mотивот за кражбите е поврзан со високите цени на горивата – литар дизел сега чини 2,16 евра, што е зголемување од 46 центи од почетокот на војната на Блискиот Исток“, соопшти полицијата.

Нафтата надмина 100 долари поради блокадата на Ормускиот Теснец

Во неколку случаи, сторителите беа фатени, вклучувајќи и 37-годишен маж од Билштет со канистри со украдено гориво.

Инциденти не се случуваат само на градилишта – во Равенсбург и Улм, неколку илјади литри беа украдени од индустриски возила и магацини, додека возачите на камиони во Мехерних изгубија 1.600 литри дизел додека спиеја, пренесува медиумот.

Портпаролката на полицијата истакна дека бројот на вакви кражби е невообичаен и дека е потребен сериозен напор за да се спречат слични случаи во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот