Поради пандемијата Ристовска не може да ја напушти Русија!

Како што потврди и генералниот директор на ЦСКА Москва, Едуард Акопјан, нашата репрезентативка нема директни летови за Македонија.

Македонската ракометарка Сара Ристовска ќе остане во Москва додека не се стабилизира ситуацијата со коронавирусот и не бидат отворени границите.

Оваа информација за „Риа Новости“ ја потврди Едуард Акопјан, генералниот директор на ЦСКА Москва во чии редови настапува нашето десно крило.

Како што беше најавено, во текот на вчерашниот ден тренерот на клубот, Данецот Јан Лесли и шведската ракометарка на ЦСКА, Сабина Јакобсен ја напуштија Русија.

– Јан Лесли и Сабина Јакобсен ја напуштија Русија, тие имаа летови. Шана Масон (бразилска голманка на ЦСКА) немаше време. Нема директен лет за Бразил, потребни ѝ се летови преку Европа, а тамошната ситуација не дозволува да оди во нејзината држава. Во Русија ќе остане и Сара Ристовска која нема директни летови за Македонија, а исто така не може и преку соседните земји. Значи, тие две ракометарки остануваат во Русија. Внимателно ќе ја следиме ситуацијата – рече Акопјан.

Пред да направи трансфер во Москва, нашата ракометарка Ристовска беше дел од словенечкиот Крим, а претходно играше уште за ЖРК Металург и ЖРК Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот