Поради низа неправилности на изборите во Косово: Пребројување на гласови во 494 избирачки места

Избори во Косово / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Централната изборна Комисија (ЦИК) на Косово денеска одлучи да се повтори броењето на гласовите на 494 избирачки места на вонредните парламентарни избори што се одржаа на 14 февруари, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролот на ЦИК, Ваљмир Елези изјави дека на спорните избирачки места се забележани разни неправилности при евиденција на гласовите.

– Според ЦИК, пребројувањето ќе се изврши поради погрешно пренесување на гласови во формулари на политички субјекти (35 избирачки места); погрешно пренесување на гласови во формулари на кандидати (6 избирачки места); кандидатот или кандидатите имаат повеќе гласови од политичкиот субјект (370 избирачки места); и политичкиот субјект има добиено гласови, додека кандидатот не и обратно (83 избирачки места), информира Елези.

Косовските граѓани на изборите гласаа во 888 гласачки центри со 2.382 избирачки места, што значи дека пребројувањето ќе се изврши во околу 2,5 отсто од гласачките места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот