Поради нејзиниот изглед на жива барбика, денес никој не сака да ја вработи! (ФОТО)

инстаграм

Во последните неколку дена се зборува за младата Барбара Луна Сипос од Будимпешта која ги полуде светските медиуми, а оваа 22-годишна девојка тврди дека никако не може да најде постојана работа бидејќи мажите не знаат како да се однесуваат во друштво на атрактивна девојка како неа. Оваа русокоса изгледа токму како Барбика, а тоа задоволство нејзиниот поранешен сопруг го чинело околу 150 илјади евра. Но, тоа задоволство ѝ носи голем број проблеми.

Барбара вели дека нејзината опсесија со Барби куклите трае уште од детството и дека секогаш сонувала како и таа самата ќе изгледа исто како нив некој ден.

инстаграм

„Секогаш сакав да изгледам како барбика и човечка кукла. Моето прво сеќавање од детството е играње со Барбики, а патото кон целта да станам како нив започна на 17 години“, раскажалаа оваа девојка.

Сипос прво ги зголемила градите, а после тоа уште 10 пати се препуштила во рацете на пластичните хирурзи. Естетските зафати главно ги финансирал нејзиниот поранешен сопруг, со кој била во брак до минатата година, а вели дека тоа го правел бидејќи уживај во тоа како изгледа таа.

инстаграм

„Мажите го сакаат мојот изглед. Некои затворени луѓе кои немаат самодоверба не сакаат да излегуваат со мене, што е сосема во ред“, истакнала таа и додала дека сега бара „маж засекогаш“.

Оваа русокоса некогаш работела како рецепционерка, но морала да даде отказ бидејќи како што вели таа нејзината аура и харизма ги излудувале мажите. Денес работи како веб-модел.

инстаграм

„Сфатив дека таа работа не е за мене бидејќи живеам во општество во кое многу атрактивни жени немаат можност да ја задржат својата работа или да добијат повисока позиција без спиење со мажите, што не го сакав. Тоа е бидејчи живееме во патријахално општество, сакале или не“, кажала Барбара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот