Поплави во Окленд: Три лица загинаа, а најмалку една личност се води како исчезната

Поплави во Окленд: Три лица загинаа, а најмалку една личност се води како исчезната / Фото: Твитер

Три лица загинаа, а најмалку една личност се води како исчезната по рекордната количина на дожд во Окленд, најголемиот град во Нов Зеланд, каде е прогласена вонредна состојба.

Премиерот Крис долета во Окленд со воен авион откако беше прогласена вонредна состојба во регионот.

Наш приоритет е да се погрижиме жителите на Окленд да се безбедни, да имаат домување и пристап до основните услуги што им се потребни, изјави Хипкинс и додаде дека во градот се очекува големо чистење и дека луѓето треба да останат во затворени простории, ако имаат можност.

Хипкинс посочи дека се очекуваат пообилни врнежи и покрај привременото смирување на врнежите.

Петокот беше највлажниот ден во Окленд досега, според временските извештаи, бидејќи количината на дожд што вообичаено паѓа цело лето го погоди градот за еден ден. Во петокот вечерта за само три часа на некои места наврнаа над 15 сантиметри дожд.

Дождот ги затвори автопатиштата и се залеа во домовите. Во текот на ноќта стотици луѓе останаа заробени на аеродромот во Окленд откако беа откажани сите летови и поплавени делови од терминалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот