Фото скриншот А1 Он
Фото скриншот А1 Он

Поништена пресудата со која на мајката Невена и беше одземено детето

Врховниот суд го врати на повторно одлучување судскиот процес за предметот во кој на мајката Невена Спасеска ѝ беше одземено старателството врз малолетното дете и му беше доделено на таткото.

Со пресудата на Врховен суд се поништуваат пресудите на пониските судови од Охрид и Битола, поради нејасност, неразбирливост, недоволно образложени причини за решителните факти од кои се раководеле судовите при одлучувањето и нецелосно утврдена фактичка состојба.

Врховниот суд смета дека двата суда во Охрид и Битола не дале информации дали и мајката била повикана во Центарот за социјална работа во Охрид, каде всушност не беше никогаш повикана, а оттаму не се дадени битните околности за родителските капацитети на мајката туку само за оние на таткото. Стручниот тим на Центарот за социјални работи Охрид не ги ценел условите на мајката и возраста на детето како и неговата потреба од мајка на таа возраст.

Врховниот суд наведува дека судовите во Охрид и Битола не го ценеле мислењето на скопскиот Центар за социјални работи кој сметал дека детето треба да остане кај мајката.

„Цаци, готова си“: Закана од автомобил кон пратеничката Славјанка Петровска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот