Славјанка Петровска/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

„Цаци, готова си“: Закана од автомобил кон пратеничката Славјанка Петровска

Доцна синоќа околу 23 часот пред зградата во која живее, возач на автомобил со охридски регистерски таблички со умисла да ја заплаши ѝ го пресретнал патот на пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска, а од внатре ѝ била упатена закана, потврди таа за „Слободен печат“. Пратеничката се вознемирила и во полициска станица пријавила конкретно лице од Охрид, за кого се сомнева дека стои зад ова загрозување на нејзината сигурност.

-Зборовите што ми ги упати беа ,,Цаци, готова си“. Во станица посочив дека нападот доаѓа после пратеничко прашање кое го поставив минатата недела во врска со дете одземено од неговата мајка и доделено старателство на таткото, но моето прашање не беше за самата судска предуда туку за постапувањето на службеник од Центарот за социјални работи кој без да има таква одлука се обидел да го одземе детето од мајката и да го предаде на таткото. Причината поради која знам за ова е затоа што самата сведочев во два наврати дека детето не сакаше да се оддели од мајката, бидејќи таа живее кај мене на спрат – изјави Петровска за „Слободен печат“.

На седницата за пратенички прашања одржана во Собранието пред 5 дена Петровска упати меѓу другото и прашање до Министерството за социјална политка, демографија и млади во отсуство на министерот и заменикот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот