Помпео ја охрабри црногорската Влада да отвори дијалог со СПЦ за спорниот Закон за вероисповед

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Помпео посочува дека тој и претседателот Доналд Трамп се цврсто убедени дека поединците на кое било место во светот имаат неотуѓиво права мирно и отворено да ја практикуваат својата религија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и порача на Владата на Црна Гора да отвори отворен дијалог со Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора за Законот за слобода на вероисповед и неговата примена и изрази загриженост за „постојаните тензии и изолирани инциденти на насилство“, пренесува Танјуг.

„Ја охрабруваме Владата на Црна Гора да започне отворен и транспарентен дијалог со Српската православна црква за Законот и неговото спроведување. Секој обид да се разгледа валидноста на побарувањата за имот треба да биде целосно во согласност со црногорскиот закон и Европската конвенција за човекови права, рече Помпео како одговор на архиепископот Елпидофор, претседател на Собранието на канонските православни епископи со седиште во Њујорк.

Помпео посочува дека тој и претседателот Доналд Трамп се цврсто убедени дека поединците на кое било место во светот имаат неотуѓиво права мирно и отворено да ја практикуваат својата религија.

Тој во писмото вели дека Стејт департментот го набудувал развојот на ситуацијата во врска со новиот Закон за слобода на вероисповед и оти разбира дека „некои религиозни групи искажале загриженост во врска со законските одредби за сопственоста на имотот и правниот процес преку кој ќе се суди за спорна сопственост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот