Седница на Совет на Град Скопје/ Фото: Принтскрин

Помина буџетот на Град Скопје за догодина, ниеден советник не гласаше против

Основниот буџет на градот во 2026 ќе изнесува 84,5 милиони евра – над 12 отсто повеќе од годинава

Советот на Град Скопје денеска едногласно го усвои буџетот за 2026 година. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека буџетот е усвоен без ниту еден глас против и најави „засилен инвестициски циклус“.

„Им се заблагодарувам на сите советници што го поддржаа. Време е скопјани да живеат подобро, време е градот да застане на нозе и да оди напред“, напиша тој на Фејсбук.

Основниот буџет на Град Скопје за 2026 година изнесува нешто над 5,2 милијарди денари (околу 84,5 милиони евра), што претставува зголемување од 12,04 отсто во однос на годинава.

Капиталните инвестиции предвидени во основниот буџет изнесуваат околу 29 милиони евра и тие сочинуваат повеќе од една третина од вкупниот градски буџет. За споредба, според градоначалникот, во 2025 година капиталните инвестиции изнесуваа само 28,9 отсто од буџетот.

„Ова значи повеќе инфраструктурни зафати, повеќе проекти на терен и конкретни, видливи резултати за граѓаните“, додаде Ѓорѓиевски во објава на „Фејсбук“, испуштајќи да каже дека висината на сумата предвидена за капитални инвестиции сепак не значи автоматски дека тие пари и ќе се потрошат за проектите што ги спомнува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот