Фото: EPA-EFE/LUKASZ GAGULSKI

Полска на необичен начин ќе се справува со загадениот воздух

Во борбата против постојаниот смог во Полска, научниците тестираат нов „топ” кој користи звучни бранови за да турка токсични честички во атмосферата и, така да им овозможи на жителите да дишат поквалитетен и почист воздух, јавија полските медиуми.

Поставен на врвот на метален контејнер, експерименталниот уред се состои од голем превртен конус кој испушта звук секои шест секунди. Целта е да се отстрани смогот од Калварија Зебрзидовска, којашто како и многу други полски градови, секоја зима се соочува со овој проблем кога граѓаните палат шпорети кои го загадуваат воздухот. Од оџаците испуштаат густ чад, а со заоѓањето на Сонцето потоа, над градот се спушта густ смог.

Воздухот во Полска е меѓу најзагадените во Европа и во најлошите делови од годината постојано ги надминува границите поставени од ЕУ.

– Ние користиме вертикален ударен бран генериран од согорување на ацетилен и воздух. Бранот исфрла загаден воздух на повисоки височини, појасни Доминик Грибос од Металуршкиот и рударски факултет во Краков – еден од пронаоѓачите на топот.

Отровните честички така се испраќаат во висина од неколку стотици метри, што ги прави безопасни за жителите.

– Ако го користиме топот на растојание од половина час до еден час, загадувањето се намалува за 15 до 30 отсто на два – три километри од топот… Ефектите траат меѓу еден и три часа, рече Грибос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот