илустрација / Фото: pxhere.com

Полноќна драма на Дрим – во главните улоги рибар-криволовец и упорни полицајци

Ноќеска околу полноќ, полицајци бркале рибар кој ловел риба во ловостој на реката Црн Дрим и се обидел да бега, а кога го стигнале, ги нападнал полицајците, соопшти МВР.
,

„На 27.10.2025 околу 00:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија до слобода Б.Б.(44) од Струга. Тој е затекнат со уште неколку лица при незаконит риболов во реката Црн Дрим, по што се обидел да избега, но бил фатен. Притоа, тој физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија, но бил совладан и приведен во полициска станица. За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Струга и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишував во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот