Политиката на инает нe раѓа напредок, клубовите треба да градат мостови, а не да ги уриваат

Отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија е мостот на пријателство меѓу двата народа и двете земји. Самиот чин не треба да се преставува како триумфализам на поединци или политички партии туку истиот да биде како тригер за национално обединување во насока на продолжување на европскиот пат на земјава.

Вака накратко домашните политички аналитичари со кои се консултираше „Слободен печат“ во сублимиран заклучок го оценуваат вчерашниот чекор на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград кој според основачите има за цел да ги зближи двата народа и да ги надмине разликите меѓу Скопје и Софија.

Петар Арсовски, политички аналитичар / Утрински брифинг
Петар Арсовски, политички аналитичар / Утрински брифинг

Политикологот Петар Арсовски вели дека отворањето на македонскиот клуб во Бугарија е чекор во вистински правец и покрај целиот политички фолклор кој се случуваше околу него. Според Арсовски овој чин ја динамизира во домашната јавност дебатата за уставните измени кои се неопходни за европските перспективи.

– Малку е прадоксално што таму беа присутни оние кои најмногу се спротиставуваа. Ако тие можат да отидат на отворање во Благоевград, тоа значи дека следи толеранција и релаксираење на односите со Бугарија. Ако тоа пак е индикација дека ќе имаат поблаг став за уставните промени тоа ќе говори многу за подобрувањето на релациите со Софија но и дома. Политиката на инает не раѓа напредок, напротив, политиката на толеранција е таа која води напред – оценува Арсовски.

Ристо Никовски / Фото: Архива на Слободен печат

Од друга страна поранешниот амбасадор Ристо Никовски пак е со малку поинаков став околу отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија. Тој иако го поздравува чинот сепак вели дека Македонија направила историска грешка кога на уцената на Софија за вметнување на Бугарите во Уставот не побарала реципроцитет за Македонците во Бугарија.

– Споредувањта дека отворањето на македонскиот клуб во Благоевград е провокација слично на фашистичките имиња на бугарските во Македонија, во најмала рака е надвор од умот. Проблемот со Македонците во Бугарија кои не уживаат никакви универзални права на малцинство е стар и добро познат. Вчерашното отварањет на клубот во Благоевград на некој начин ги исправа овие грешки и отвара пат за подобрување на вкупната позиција на Македонците во Бугарија. Самиот чин на отварањето на клубот е гест и демонстрација на желбата Македонците во Бугарија да бидат дел од мостот на пријателство меѓу двата народа и двате земји. Тоа недвосмислено се манифестираше на вчерашниот настан. Важно е што таму беше преставник на претседателот Пендаровски и тоа е за поздравување додека е срамно што никој не беше од Владата и од СДСМ. Да се надеваме дека во Бугарија ќе има и други македонски клубови и дека ова е само почеток на подобрување на позицијата на нашите во соседнтата земја – вели Никовски.

Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО / Утрински брифинг

Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин анализирајќи ги за „Слободен печат“ состојбите по отворањето на македонскиот културен клуб, што тоа ќе значи за двете земји и народа и кои треба да бидат нашите следни потези, вели дека треба да бидеме храби и да ги прифатиме предизвиците за продолжување на европскиот пат на земјава.

– Секоја средба било да се работи за невладини организации, политички партии или официјални лица и сл. кога се во прашање два соседа кои што на изглед имаат некои би рекол проблеми, секој контакт од секој сектор е значаен за подобрување на односите. Тоа мора да се стимулира и поздравува без сомнение. Не треба да се покажува никаков тиумфализам и да се бараат политички поени и значњето на политиките партии да бидат пред државниот интерес. Но сепак и тоа до некаде е подобро и тој триумфализам отколку ништо. Ваквите средби од моја страна имаат целосна поддршка и во ист момент апелирам да се избегнуваат националистичките испади. Чекорот е позитивен настан за земјава за кој се надевам дека и натмау ќе продолжи без да се изллив на непотребни емоции – заклчува Ружин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот