Политичар од Хаити уапсен на Јамајка, се сомничи за атентатот врз претседателот Моиз

Погребот на убиениот претседател на Хаити Жовенел Моиз Фото: EPA-EFE/ORLANDO BARRIA

Националната полиција на Хаити денеска соопшти дека поранешниот сенатор Џон Џозеф е уапсен на Јамајка за вмешаност во атентатот на претседателот Жовенел Моиз, извршен во јули минатата година.

Портпаролот на полицијата за американските медиуми изјави дека Џозеф се наоѓа во притвор, без да даде други детали за апсењето.

Во меѓувреме, началникот на полицијата на Јамајка, Стефани Линдзи, за американските медиуми изјави дека заедно со Џозеф се уапсени и други лица, за кои властите се обидуваат да утврдат дали се членови на неговото семејство.

Таа додаде дека сите биле уапсени рано утринава и одби да даде детали.

-Од повеќе причини, не можеме да дадеме повеќе информации, рече таа.

Џозеф е политичар од Хаити и противник на партијата „Тет Кале” на убиениот претседател Моиз.

Џозеф е второто осомничено лице кое е уапсено на Јамајка. Кон крајот на октомври, таму беше уапсен и поранешниот колумбиски војник Марио Антонио Паласиос, кој неодамна беше екстрадиран од САД и таму го чека уште едно судско рочиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот