Полициски плен во 2020 година: Во Москва запленети над 1,7 тони наркотици

Над 700 килограми наркотични средства и преку еден тон мешавина на наркотици за пушење конфискувани се во Москва минатата година, изјави денеска началникот на московската полиција Олег Баранов.

– Беа блокирани 153 ланци на големо и беа откриени 15 лаборатории за производство на синтетички дроги. Вкупно, од илегалниот промет се запленети околу 730 килограми наркотични средства, психотропни и активни супстанции и над еден тон наркотични смеси за пушење, истакна Баранов.

Тој додаде дека се прекинати шверцерски синџири од Шведска, од Данска и од Холандија и запленети се над 120.000 пакети со дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот