Полицијата го блокира доставувањето на хуманитарна помош од семејството Заеви

Полицијата е и денеска пред магацинот и е стопирана дистрибуцијата на хуманитарната помош, намената за граѓани од социјално-ранливи категории.

Во магацин на улица „Ѓорги Трајков” во Струмица каде се пакуваат хуманитарни пакети кои се донација од семејството Заеви, синоќа влегле полициски службеници и јавен обвинител. Полицијата е и денеска пред магацинот и е стопирана дистрибуцијата на хуманитарната помош, намената за граѓани од социјално-ранливи категории.

Александар Марковски од Здружението „Сите заедно можеме”, кое ги дистрибуира хумнитарните пакети, потврди за упадот на полицијата и рече дека во 13:00 часот пред просториите на магацинот ќе одржи прес конференција, на која ќе соопштат повеќе детали.

Според него, полицијата синоќа упаднала во објектот и барала документи за потекло на стоката. Од здружението изјавиле дека документите се кај донаторот, односно кај семејството Заеви.

Синоќешниот настан го потврдија и од ОЈО Струмица. Струмичкиот јавен овинител, Миле Петков, рече дека обвинителството постапило по барање на полицијата.

Oд СВР-Струмица се уште молчат за случајот.

Видео на денот