Општината не смеела да го блокира тетовецот Видоески на Фејсбук, утврди КСЗД – тоа е дискриминација
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека Општина Тетово го дискриминира архитектот Бошко Видоески, кого лани во ноември го блокираше од официјалната фејсбук-страница, поради критички коментар. Видоески коментираше на објава со која Општината се фалеше со наводите во кои се споменува Тетово во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон …

