Полициски функционери од претходната власт се казнети или отпуштени, според Тошковски издавале дозволи за оружје на луѓе кои на тоа немаат право

Панче Тошковски -кандидат од ВМРО за министер во техничката влада / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Комисијата за ревизија на постапките за издавање дозволи за оружје открила дека повеќе од 5.000 предмети не се обработени, а некои се решени спротивно на законот. Поради ова, Одделот за внатрешна контрола предложил дисциплински постапки, вклучувајќи и откази, за околу 15 високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој во интервју за „Сител“ рече дека во минатото оружје им било давано на лица кои немале право на поседување, додека други, кои имале право, не успеале да ја завршат постапката. Тој најави и дигитализација на процесот за издавање вакви дозволи.

„По насока на јавен обвинител, ќе бидат поднесени кривични пријави за оние за кои се утврдат елементи на кривично дело. Овие лица добиле отказ, а следуваат и кривични постапки“, рече Тошковски.

Министерот најави и нов закон за поседување оружје, усогласен со законодавството на ЕУ, кој ќе се базира на темелна анализа и системски решенија во интерес на граѓаните.

Во одговор на прашањето за безбедноста во државата, Тошковски увери дека Министерството за внатрешни работи и другите институции се подготвени да се справат со сите потенцијални безбедносни закани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот