Полициски час во Киев од 22 до 7 часот наутро, движење само со дозвола

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Киев воведе полициски час, со траење од 22 часот до 7 часот наутро.

„Ова е неопходен чекор. Во сегашнит е услови на воена агресија и вонредна состојба, ова е неопходно за безбедноста на жителите на главниот град. Јавниот превоз нема да функционира за време на полициски час. Во исто време, метро станиците ќе бидат деноноќно достапни  како засолништа. Ги молиме сите жители на Киев да се вратат во своите домови на време”, се наведува во соопштението од канцеларијата на градоначалникот на Киев.

„Ако треба да се движите низ градот за време на полициски час, особено вработените во компаниите за критична инфраструктура, мора да имате документи за идентификација”, се посочува во соопштението.

Од почетокот на руските напади на Украина, луѓето се кријат во метрото во Киев. Во главниот град на Украина е прогласена воздушна опасност. Луѓето се повикани да се кријат во засолништа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот