Полициската придружба на Кејт и Вилијам прегази 83-годишна жена (ВИДЕО)

Полициската придружба која го следела принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон на пат од Лондон за Виндзор предизвикала сообраќајна несреќа во која е повредена 83-годишна жена.

Полицискиот мотор кој бил дел од придружбата ја удрил 83-годишната Ајрин Мејор која била сериозно повредена, а откако дознал кралскиот пар за овој немил настан на Ајрин и посакале побрзо закрепнување, а во меѓувреме и испратиле и цвеќе.

Таа се наоѓа во болница во критична состојба, а од Кенсингтонската палата соопштија дека постојано се информираат за нејзината состојба и дека ќе останат во контакт со нејзиното семејство.

Портпаролот на полицијата изјави дека истрагата е се уште во тек и дека се бараат повеќе сведоци за разјаснување на немилиот настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот