Полицијата во Љубљана застрела маж откако нападнал минувачи и полицајци со нож

Во населбата Фужине во Љубљана, локалната полиција употребила оружје и пукала кон маж, откако тој нападнал минувачи и полицајци со нож, пренесува „Словенске новице“.

Како што пишува медиумот, напаѓачот починал на местото на настанот, а подрачјето околу плоштадот меѓу банката и библиотеката е затворено.

На местото имало и полициски возила, пожарникари, како и истражен судија и криминалисти.

Драматичниот инцидент се случил денеска, а од полицијата од Љубљана го потврдиле редоследот на настаните.

„Мажот со ножот ги нападна полицајците. Тие го предупредувале да престане со нападот, но тој не ги послушал и им се заканувал“, изјави за медиумите директорот на Полициската управа Љубљана, Томислав Омеец.

Полицајците, како што објасни, за да одвратат противправен и непосреден напад врз сопствениот живот – употребиле огнено оружје.

„Огненото оружје е крајна мерка што полицијата ја користи само во случаи кога животот е непосредно загрозен. Во согласност со стандардните процедури, полицијата ќе ги спроведе сите потребни активности за проверка на законитоста на употребата на присилните средства и за разјаснување на сите околности на настанот“, рекол Омеец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот