Полицајка зела рушвет од Грци на „Богородица“

Македонско-грчка граница, ГП „Евозни“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против С.А., полициска службеничка во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп” по член 357 ст.1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

„Пријавената на 21.12.2022 околу 12 часот побарала и примила поткуп (пари) за да не изврши службено дејствие кое била должна да го изврши, односно да не ги евидентира оштетените (грчка државјанка и нејзиниот сопатник) во системот на контрола на патници и возила дека оствариле излез од Република Северна Македонија кон Република Грција. Против С.А. е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот