Полицаец од Охрид доби отказ, му нашле кокаин на работното место

Фото: Архива на „Слободен печат“

Шише со течност, прашкаста материја, како и остатоци од бела прашкаста материја се пронајдени при контрола на работното место на полицискиот службеник А.М. од Полициската станица Охрид

Според соопштението на полицијата тој одбил да соработува и не дозволил да му биде извршено испитување за присуство на метаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје.

„Исто така, при контролата било констатирано дека А.М. ја преземал смената од С.Т. без да извршат примопредавање, при што С.Т. во објектот го оставил своето формациско оружје со полна рамка со муниција и останата службена опрема за обезбедување на објектот, оставајќи го клучот од просторијата во близина на објектот“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Против А.М., Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе му бидат изречени задолжителни мерки за отстранување од работно место, а СВР Охрид ќе поднесе и соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот