фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Пол Погба повторно надвор од терените – нова повреда го одложува дебито за Монако

Францускиот фудбалер Пол Погба сè уште го чека својот деби настап за Монако, откако повторно се здоби со повреда — овој пат на скочниот зглоб.

Поранешниот ас на Јувентус последен натпревар одигра во 2023 година, пред да биде суспендиран поради допинг. По истекот на суспензијата, Погба се врати на тренинзи и потпиша за Монако, но неговото деби повторно се одложува.

Тренерот Себастијан Покоњоли потврди дека Погба ќе го пропушти и дуелот против Пари Сен Жермен.

„Чекаме потврда за тежината на повредата. Зглобот му се искриви, но останува да видиме колку сериозно е. Не беше на 100% за да тренира денес“, изјави Покоњоли.

Тој додаде дека се надева Погба ќе се врати на терен веднаш по репрезентативната пауза.

Монако моментално се наоѓа на второто место во Лига 1 со 20 бодови, но фановите сè повеќе губат трпение за „стаклениот Пол“, како што француските медиуми го нарекуваат фудбалерот поради неговата склоност кон повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот