Покетино пред нов ангажман: Првпат во кариерата ќе води репрезентација
Aргентинскиот стратег, Маурисио Покетино кој на крајот од минатата сезона си замина од Челси наскоро би можел да има нов ангажман.
Медиумите во САД најавуваат дека Аргентинецот прифатил да биде селектор на оваа репрезентација и би требало да ги води Американците на Мундијалот во 2026 година на кој заедно со Канада и Мексико ќе бидат домаќини.
Во текот на летото Покетино имаше понуди да се врати во клупскиот фудбал, но одлучи да не ги прифати.
Ако се остварат најавите и Покетино седне на клупата на САД, тоа ќе биде негов прв селекторски ангажман.
🚨🚨| BREAKING:
Mauricio Pochettino has agreed to become the new Head Coach of the USA men’s national team! 👀
[@Matt_Law_DT] 🇺🇸 #USMNT pic.twitter.com/RZIXckcMTI
— FootballMania (@FootballMania91) August 15, 2024