Погром на Блискиот Исток: 42.000 Палестинци ги напуштиле своите домови во Газа

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

По  нападите повеќе од 2.500 луѓе се останати без покрив над главата, откако им се уништени домовите.

Околу 42.000 Палестинци во Појасот Газа ги напуштија своите домови поради израелските воздушни напади на крајбрежната територија, јави ДПА, додавајќи дека тие побарале засолништа во 50 училишта управувани од Агенцијата за помош и работи на ОН во Појасот Газа, изјави денеска портпаролот на организацијата.

По  нападите повеќе од 2.500 луѓе се останати без покрив над главата, откако им се уништени домовите.

Израел соопшти дека нападите се насочени само кон позициите на милитантите, но некои од  нив се насочени кон преполните станбени реони од Газа, пренесува ДПА.

Израел наведува дека нејзината војска прави се што може за да се избегнат цивилни жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот