Погребан Митрополитот Амфилохие, самиот побарал ова да му се испише на надгробната плоча
Во криптата на храмот Христово воскресение во Подгорица денеска е погребан митрополитот црногорско- приморски Амфилохие.
Криптата во која се погребани земските останки од митрополитот Амфилохие е покриена, по негова желба, со земја од Јасеновац, од Косово и Метохија и Црна Гора, а неговиот гроб е покриен со плоча, онаква каква што тој посака.
-Архиепископот цетински Митрополит црногорско – приморски егзарх на Свештениот трон Пеќки 1938-2020, на тронот митрополитско зетски црногорско – приморски од 1990-2020, пишува на плочата.
Митрополитот Амфилохие почина во петокот, на 30. октомври 2020 година, а е погребан денеска во Подгорица.
Од митрополитот се простија илјадници граѓани, кои од вчера, па и денеска во поворка му оддаваа последна почит.
ВИДЕО: Бизарно- Деца го бакнуваат телото на Амфилохије кој почина од ковид-19