Погледнете што се случува кога ги пребарувате Рајан Гослинг, Маргот Роби или „Barbie“ на Гугл

Фото: Wiktor Szymanowicz / AFP / Profimedia

Барби-манијата го зафати светот, а Гугл е секогаш во тек со сите светски трендови.

Тимот на Гугл одлучи да ги изненади фановите на филмот „Barbie“ , па кога ќе го впишете името на Рајан Гослинг кој го игра Кен или пак Маргот Роби која ја игра Барби, во пребарувачот на Гугл, целиот екран ќе ви стане розов и ќе се појават розови ѕвездички. Истото се случува и кога ќе го внесете името на филмот во пребарувачот.

Фото: Принтскрин/ Google

Инаку, изминативе денови низ светот се одржува промотивната турнеја на филмот, со премиери во поголемите светски метрополи. Маргот Роби и Рајан Гослинг моментално се најголемите филмски ѕвезди на планетата, предизвикувајќи хистерија каде и да се појават меѓу обожавателите, кои се воодушевени од првиот долгометражен филм за познатата кукла.

Наскоро филмот ќе се прикажува во кината ширум светот, а очигледно е дека многу луѓе едвај чекаат да го видат.

Фото: Принтскрин/ Google
Фото: Принтскрин/ Google

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот