Погледнете што може да се случи доколку проголтате чепкалка за заби! (ВИДЕО)

Четката за заби е предмет во секојдневната употреба. Многумина посегнуваат по неа за да го отстранат вишокот храна зад забите. Дали некогаш сте се запрашале што се случува со телото ако случајно проголтате чепкалка за заби? Можеби звучи неверојатно, но некои дури и не сфаќаат дека тоа се случува многу почесто отколку што мислиме.

На видео на YouTube каналот Brew, нараторот ја раскажува приказната за 33-годишен маж кој страдал од абдоминална болка веќе два месеци. Откако отишле на лекар, откриена била чепкалка за заби што му наштетила на цревата и го довела до болно воспаление. Чепкалката била отстранета со операција и тој се опоравил.

Овој вистински случај бил документиран во едно медицинско списание, но постојат полоши приказни.

На пример, чепкалка за заби проголтала и 45-годишна жена. Чувствувала болка, треска, повраќање и пад на крвниот притисок. Лекарите пронашле чепкалка за заби во нејзиниот црн дроб, опкружена со апсцес полн со гној. Тие ја отстраниле и ја лекувале жената со антибиотици, па и таа се опоравила.

Голтањето предмети најчесто им се случува на децата, но тоа е доста честа појава и кај возрасните. Ризикот од голтање на чепкалка за заби е поголем кај луѓе кои немаат заби, консумираат прекумерно алкохол или едноставно ги користат премногу.

Компликациите поради голтање на чепкалка за заби можат да бидат доста опасни. Може да се појави сепса, други сериозни инфекции или перфорации. Тоа бил случај со 18-годишен професионален спортист, кој според видеото случајно проголтал чепкалка за заби. Таа останала во дебелото црево, дозволувајќи им на бактериите да влезат во неговиот крвоток. Парче дрво дупнало и артерија, предизвикувајќи крварење опасно по живот. Човекот за малку ќе умрел, но за среќа навреме бил подложен на итна операција.

Ако забележите дека проголтавте чепкалка за заби или друг зашилен предмет, не заборавајте веднаш да контактирате со вашиот лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот