Погледнете како изгледа пазарот во Падова среде пандемијата, ФОТОГРАФИИ од крајот на март

ФОТО: ЕРА

Фоторепортерите на ЕПА кон средината и крајот на март ги снимија пазарите во Падова.

На почетокот на март, кога состојбата во Италија со коронавирусот стана многу тешка, италијанскиот премиер Џузепе Конте воведе карантин во таа земја. Најпрво забрани седење по кафулињата и рестораните поблиску од еден метар оддалеченост и советуваше што помалку движење низ земјата.

Потоа е воведен тотален карантин, по што од дома смееше да се излезе само кога е неопходно, или за на работа или по намирници. Затворени се кафулињата и рестораните, како и речиси сите продавници. Единствено работат пазарите, дуќаните за купување на намирници, аптеките и некои банки.

Инаку, во Италија се заразени над 115.000 луѓе, а речиси 14.000 лица починаа. Фоторепортерите на ЕПА кон средината и крајот на март ги снимија пазарите во Падова.

На фотографиите од крајот на месецот се гледа како долу со лента е означен просторот за потребно растојание, но и како не се придржуваат сите кон тоа. Граѓаните купуваат на отворено, а повеќе од нив не носат маски, иако главно, се многу блиску едни до други, отколку што би требало.

Еве како изгледаше пазарот во Падова кон крајот на март:

ФОТО: ЕРА
ФОТО: ЕРА
ФОТО: ЕРА

 

ФОТО: ЕРА
ФОТО: ЕРА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот