Погба само што се врати од повреда, доби казна од Алегри за недисциплина

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Пол Погба само што се врати во тимот на Јувентус по долгата пауза поради повреда заработи казна за недисиплина.

Јувентус на дебито на Французинот чекаше уште од почетокот на сезоната, Погба се повреди на припремите за сезоната и се до градското дерби против Торино пред две кола немаше одиграно ниту минута.

Откако забележа настап против Торино, доби минути и во второто полувреме против Рома минатото коло. Вечерва Јувентус игра против Фрајбург во Лигата на Европа и се очекуваше повторно да заигра од клупата.

Сепак, тоа нема да се случи. Тренерот, Масмилијано Алегри го казнил Погба затоа што задоцнил на вчерашниот попладневен тренинг пред денешниот натпревар.

Погба вечерва нема да биде со тимот и се очекува ако не се појават дополнителни проблеми да биде во комбинација за настап за натпреварот во Серија А за викендот кога Јувентус ќе се сретне со Сампдорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот