Подобрени условите за престој во гостиварскиот интернат

Гостивар/Фото: МИА

Ученичкиот дом „Бранко Станоевиќ” во Гостивар во изминатиов период значително ги подобри условите за сместување на ученици кои доаѓаат на школување од други општини. Со вложувања од над сто илјади евра, капацитетот за сместување на домот е проширен.

За две години покрај реновираните тоалети, читални и останатите заеднички простории, подновени и опремени се 36 соби и простории за рекреација. Задоволство од сработеното искажа и градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари при посетата на интернатот.

– Оваа институција е најдобар доказ за тоа што значи домаќинско раководење. Во оваа установа не се вложувало со децении, а сега според условите може да се каже дека е една од најдобрите во земјава и пошироко, рече Таравари.

Линдихана Салаи Сулејмани, директорката на ученикот дом, искажа благодарност за постојаната поддршка од локалната самоуправа. Таа нагласи дека средствата што ги добиле се ефикасно искористени и со цел да се подобрат условите за престој како на учениците, така и на вработените. Со новите вложувања, интернатот го зголеми капацитет за згрижување од 200 на 300 ученици.

Поради мерките кои ги налага пандемијата, годинава бројот на домци е значително намален.  Под посебни протоколи во домот се сместени само ученици од други општини кои следат практична настава и не можат да обезбедат превоз до местото на живеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот