Поднесен нов ревидиран список со барање за гласање недоверба на Владата: 20 „спорни“ пратеници меѓу кои и на Левица се повлекле од првичната иницијатива

Собрание / Фото: МИА

Во Собранието попладнево е поднесен нов ревидиран список со барање за изгласување недоверба на Владата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. Новиот список е доставен до собраниската Архива и на него, како што наведуваат од партијата, од тактички причини ги нема потписите на неколкумина „спорни“ пратеници кои биле на претходната листа. ВМРО-ДПМНЕ очекува утре да има седница на Собранието и да ѝ биде изгласана недоверба на Владата.

На новиот список нема 20 пратеници меѓу кои и двајцата пратеници од Левица – Димитар Апасиев и Борис Крмов. Ваквиот потег на опозицијата доаѓа по најавата на пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива дека ќе се повлече од иницијативата за гласање недоверба на Владата ако зад неа стојат пратениците на Левица.

По ова, ВМРО-ДПМНЕ излезе со предлог до Реџепи да се достави нова иницијатива со потписи на 20 пратеници, по што реагираше спикерот Талат Џафери кој им посочи дека нова иницијатива, доколку се повлече претходната, ќе може да се достави дури за 90 дена.

Поради тоа, пратениците од опозицијата се одлучија на чекор да одат со првичната иницијатива, но списокот со потписи да биде ревидиран со што би се задоволиле барањата на Алтернатива, но и би се избегнала можноста утрешната седница да пропадне. Ова не значи дека Левица ќе се повлече од гласањето за доверба на Владата, брифираат партиски извори.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски потврди дека се повлечени потписите од одредени пратеници.

„Решението е дека утре ќе падне Владата. Од тактички причини одредени пратеници ги повлекоа потписите, така што очекуваме утре да се случи седницата и да падне Владата“, изјави Николовски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник од кои покрај ВМРО-ДПМНЕ се и пратеници на Алијанса, Алтернатива, Беса и на Левица. Иницијативата уследи откако премиерот, заклучно со понеделникот не поднесе оставка најавена по локалните избори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот