Поддржана иницијатива за започнување постапка за разрешување на Ѓукановиќ

Членовите на Уставната комисија на Парламентот на Црна Гора, со мнозинство гласови, ја поддржаа иницијативата за преиспитување на претседателот Мило Ѓjукановиќ дали го прекршил Уставот за време на неодамнешните настани во Цетиње. Иницијативата беше предложена од Социјалистичката народна партија (СНП)

.Иницијативата треба да помине и во Собранието, а одлуката за постоење или непостоење на кршењето на Уставот ја носи Уставниот суд. Претседателот на Црна Гора може да биде разрешен од Собранието кога Уставниот суд ќе утврди дека го прекршил Уставот.

Предлагачот , Социјалистичката партија одлуката за поведување на постапката за утврдување на одговорноста на Ѓjукановиќ да го прекрши Уставот, го аргументираат со настаните во Цетиње кои според оваа партија се производ на неодговорното однесување на црногорскиот претседател.

„Во Црна Гора, кога требаше да се обезбеди мир, претседателот на државата, кој требаше да биде некој што најмногу се грижи за одржување на јавниот ред и мир, тој ги повика граѓаните , тој ги покани да се појават на Цетиње тој ден, да ја спречат Српската православна црква да го востоличи митрополитот.

Неодговорноста на Ѓукановиќ е во неговиот повик до граѓаните да го следат неговиот пример и да дојдат на Цетиње што го комплицираше јавниот ред и мир “, велат партиите кои ја подржаа иницијативата за поведување одговорност на Ѓукановиќ

Се смета дека постои подршка на оваа иницијатива во црнгорското собрание, пред се од опозционите партии и оние блиски до партиите на србите во Црна Гора

Сепак се смета дека малку е веројатно дека иницјативата ќе бид еизгласана и дека Ѓукановиќ ќе биде разрешен од престедателската функција.

„Сите знаеме дека сето ова е бесмислено. Не постои Уставен суд што би можел да негира доверба во претседателот поради некои изјави, но сето ова е показател за напредокот на политичкиот маркетинг и политичката демагогија “, велат дел од пратениците во Црногорскиот парламент

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот