Под слоганот „Најдоброто за нашата општина” теренски активности на СДСМ за да го чуе гласот на граѓаните

Под слоганот најдоброто за нашата општина СДСМ од утре почнува теренски активности со граѓаните за да дадат отчет пред нив за сработеното, но и да чујат што е она што треба да се стави во акцент во иднина и потребите на граѓаните да ги вградат во предзборните програми за локалните избори.  Планирани се над 1000 средби и 15 граѓански трибини. Партијата веднаш ја почнува и внатрепартиската постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници. Од нив ќе се бара визија и план за развој на општината за која ќе се кандидираат.

-Преку разговор со граѓаните сакаме да дадеме отчет за сработеното на локално, но и централно ниво за секоја општина за сите проекти и мерки кои се реализирани, но и да ги прашеме од што се задоволни што сакаат да се промени, на што да се стави акцент во периодот кој следи, да ги консултираме, да побараме предлози и идеи кои би биле внесени во нашите изборни програми и на кандидатите за советници и градоначалници, рече Љупчо Николовски кој вечерва на седница на централниот одбор на партијата беше избран за шеф на Изборниот штаб за претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври.

СДСМ, нагласи тој на прес-конференцијата, ќе излеземе со чесна понуда и овој пат и таа ќе донесе добро за оптшината, но и за секое населено место.

-Започнува инклузивна отворена демократска внатрепартиска постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници од редовите на СДСМ. Таа постапка започнува веднаш. Ние сме фаворит на изборите, но затоа кадровската и програмската понуда се наш целосен фокус. Најдоброто за нашата оштина е наша клучна цел, рече Николовски.

Тој појасни дека по критериуми кои ги одредил вечерва ЦО, клучно за избор на кандидатите ќе биде кредибилитетот на секој кандидат, угледот, авторитетот чесноста, работата посветеноста, капацитетот и визијата за развој на општината. Од секој кандидат, нагласи, ќе бараме детална програма со проекти и визија за развој на општините и Градот Скопје.

Тој најави дека СДСМ во јуни ќе објави повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници кои имаат желба и капациет и знаат како да ги водат општините.

-СДСМ докажува дека е отворена партија и секој кој има желба да се вгради во нашата понда вратите му се отворени, истакна Николовски.

Прашан дали на денешната седница било разговарано и за коалицирање на претстојните избори, Николовски истакна дека коалиции ќе има, но оти се уште се разгледува дали тие би биле во првиот и вториот круг и каде.

-СДСМ на претходните избори ја содаде најголемата и најразнолика  коалиција која ги обедини најголем број политички субјекти и беше репрезент на сите етнички заедници, што и доликува на СДСМ како модерна, отворена и инклузивна партија. Вечерва се дискутираше во тој правец. Беше донесена одлука ЦО да го овласти претседателот на СДСМ Зоран Заев да продолжи со разговорите во перио што следува, рече Николовски.

Отворени сме, рече тој, за соработка со сите политички субјекти и верувам дека повторно ќе излеземе со најголема и најразнолика коалиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот