Почнува судењето за нападот врз Данела Арсовска во Чаир

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска во 10 часот почнува судскиот процес против лицето обвинето за напад врз градоначалничката Данела Арсовска во Чаир, инцидент од кој имаше снимки на социјалните мрежи и после кој таа доби полициско обезбедување. Инцидентот се случи на 11 јули на улицата „Севастополска“ во Скопје, додека Арсовска со службени лица извршувала теренска проверка по пријава за бесправна градба и нелегални приклучоци на вода. Обвинетиот ќе биде спроведен од притвор во судница.

Според обвинителниот акт, обвинетиот С.Љ. извршил грубо насилство врз градоначалничката, при што ѝ нанел телесна повреда и предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кај неа, но и во јавноста.

Додека градоначалничката заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект, обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки. Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја најпрво по лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница. Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да и се заканува, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот