Почнува исплатата на парична помош за социјална и детска заштита

МБА апелираа клиентите на банките коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред.

Македонската банкарска асоцијација инофрмира дека банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита.

Сите корисници на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитни картички, ќе располагаат со средствата, преку банкоматите и во трговската мрежа од вторник, 2 јуни 2020 година.

За корисниците кои не користат картички, како што е соопштено и овојпат исплатата ќе се спроведе во групи, во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

МБА апелираа клиентите на банките коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред и испраќаат апел при нивната посета на филијалите и експозитурите да пополнат барање за изработка на дебитна картичка со што ќе имаат лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време и потребата од физичкото присуство ќе биде помала.

Дополнително од МБА, потсетуваат дека при посета на филијалите и експозитурите треба да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето односно клиентите на банките треба задолжително да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласно со насоките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот