Собрание / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Почнува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2026 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да почне амандманската расправа по предлог-буџетот за 2026 година. Според информациите објавени на веб-страницата на Собранието, поднесени се над 100 амандмани.

Вкупните приходи во предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 28 октомври прес-конференцијата во Владата кога го презентираше Предлог-буџетот посочи дека со него се опфатени сите клучни политики што ќе се спроведуваат во следниот период, со јасна цел да се забрза економскиот раст и да се постигне постепена фискална консолидација.

– Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг, истакна тогаш Димитриска-Кочоска.

Пленарната седница на која ќе се разгледува предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот