Почна уривањето на бетонската база во Охрид во сопственост на советникот на ДУИ, Нефи Усеини

Екипи на Општинскиот и на Државниот градежен инспекторат со механизација почнаа со демонтирање на базата за производство на бетон, лоцирана на самиот излез од Охрид на стариот пат кон Струга.

Станува збор за објект изграден минатата година од страна на советник на ДУИ, Нефи Усеини во Советот на Општина Охрид, за која веднаш беше издадено решение за уривање, со забелешка дека се работи за нелегално изграден објект.

Базата се наоѓа во непосредна близина на хотелот чие уривање започна пред четири дена, а Усеини во изјава за телевизија Телма тврди дека сам почнал да ја руши дивоизграената бетонска база на охридското крајбрежје, бидејќи непотребно бил обвинуван дека е главен виновник за тоа што постоеше опасност Охридскиот регион да го изгуби статустот на УНЕСКО“.

-Од Општина и градоначалникот Георгиевски барам да се изнајде решение и конечно да се излезе во пресрет на нашето и барањето на останатите бетонски бази кои се нелегално поставени и без соодветна документација и одобренија за обезбедување на соодветни локации каде ќе може да продолжиме да ја извршуваме оваа дејност- вели Усеини за Телма.

За самата база беше соопштено дека е изградена на земјиште на Исламската верска заедница, доделено по пат на денационализација.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при последната посета на Охрид истакна дека е ирелевантно чии се дивоградбите, нагласувајќи дека не смее да има селективност во постапките по решенијата за уривање.

– Каде градоначалникот нема ингеренции, ингеренции има Државниот градежен инспекторат, рече Сугарески.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот