Почна со работа првата фабрика за производство на соларни панели во Србија

Соларни панели/Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Во Србија започна со работа првата фабрика за производство на соларни панели, со капацитет од над 150 мегавати годишно. Компанијата Доми Еко Солар ќе произведува два вида фотоволтаични панели, моќност од 450 до 550 Wp, во објектот до Велика Плана и ќе може да склопува и тестира до 25 панели на час, објави Бета. Италијанската компанија Екопрогети објави дека на крајот на ноември испорачала и инсталирала производна линија за компанијата Доми Еко Солар, пренесува порталот СЕЕ.њус.

„Доминантно фокусирана на локалниот пазар, фабриката „Доми Еко“ ќе стане референтна точка во секторот зелена енергија во Србија, зголемувајќи го фотоволтаичниот капацитет на земјата, кој на крајот на 2020 година изнесуваше само 29 MВ“, се вели во соопштението на „Екопрогети“. Компанијата Доми Еко планира да продава панели на големо во Србија и во ЕУ, но и да отвори продавници за малопродажба во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот