Фото: EPA/JOEL CARRETT

Почна новата Ф1 сезона: Џорџ Расел победи на трката за Големата награда на Австралија

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на трката за Големата награда на Австралија, со што започна новата, 77 сезона од Формула 1 шампионатот.

Расел ја забележа својата шеста победа во кариерата на патеката Алберт Парк, а неговиот тимски колега, Италијанецот Андреа Кими Антонели заврши на второто место.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заврши на третата позиција, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон го освои четвртото место.

Актуелниот Ф1 шампион, возачот на Мекларен, Ландо Норис, заврши на петтото место, четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул заврши на шестата позиција, а возачот на Хас, Оливер Берман беше седмопласиран.

Возачот на Рејсинг булс, Арвид Линдблад, Габриел Бортолето од Ауди и возачот на Алпин, Пјер Гасли, исто така освоија бодови.

Расел освои 25 бодови за победата, Антонели е на второто место има 18, а Леклер е трет со 15.

Следната недела е втората трка од новата сезона, Големата награда на Кина во Шангај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот