Затворот во Штип Фото: МИА

Починат затвореник пронајден во штипскиот затвор

Четириесетгодишен скопјанец што издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа – Затвор Штип, вчера е пронајден починат во неговата соба, информираат од СВР Штип.

Случајот во полиција е пријавен од затворската управа вчера во 10:35 часот. На лице место пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а лекар констатирал смрт, утврдувајќи дека на телото на починатиот нема видливи траги на насилство.

„Вчера во 10:35 часот во СВР Штип од КПУ – Затвор Штип е пријавено дека во соба во установата е пронајден починат осуденикот В. М. (40) од Скопје“,се вели во полицискиот извештај.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот