Сент Вон Колучи/БТС/Фото: Принтскрин/Јутјуб Wikimedia Commons

ФОТО | Почина популарниот актер по 12-тата естетска операција, за да личи на Џимин од БТС

Младиот актер Сент Вон Колучи починал откако во текот на една година бил подложен на десетина естетски операции за да личи на пејачот на групата БТС – Џимин. Вон Колучо починал рано во неделата на 22-годишна возраст во болница во Јужна Кореја поради компликации од најновиот естетски зафат, изјавил неговиот публицист Ерик Блејк за „Дејли мејл“.

Сент Вон Колучи по операциите/Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ТМЗ

 

Вон Колучи се преселил од Канада во меката на корејската популарна музика К-поп во 2019 година во потрага по кариера во забавната индустрија. Во саботата отишол на операција, овој пат за да ги извади имплантите на вилицата што ги ставил во ноември минатата година. По операцијата, за која очигледно знаел дека е ризична, пишува „Пејџ сикс“, Ван Колучи добил инфекција и на крајот морал да биде интубиран. Починал неколку часа подоцна.

 

Фото: Wikimedia commons

„Многу трагично и многу несреќно“, рекол Блејк, додавајќи дека на неговиот клиент не му се допаѓала неговата многу четвртаста вилица и брадата бидејќи мислел дека е премногу широка.

Во последните 12 месеци, Вон Колучи потрошил 220.000 долари на 12 операции, вклучувајќи, меѓу другото; затегнување на лицето, операција на носот, подигнување на очите, подигнување на веѓите и намалување на усните.

„Беше многу несигурен во врска со својот изглед“, објаснил Блејк, додавајќи дека Вон Колучи бил особено „несреќен“ со своето лице.

Во „оригиналот“ актерот имал темно руса коса и сини очи, бил висок 183 сантиметри и тежок 82 килограми.

„Му беше многу тешко да добие работа во Јужна Кореја и се чувствуваше многу дискриминиран поради неговиот западен изглед“, вели публицистот.

Според Блејк, Вон Колучи ја снимил корејската драмска серија од осум епизоди наречена „Pretty Lies“, оригинално насловена „Cogimar“, во која тој го играл Џимин, 27-годишната ѕвезда на К-поп сензацијата БТС. Блејк изјавил за „Дејли мејл“ дека серијата, која била во продукција од јуни до декември 2022 година, требало да се емитува на стриминг сервисот во САД во октомври.

Џимин од БТС/Фото: Wikimedia Commons

„Беше многу, многу возбуден и работеше многу напорно“, рекол Блејк.

Претставниците на Џимин и БТС не одговорија веднаш на барањето на „Пејџ сикс“ за коментар.

ВИДЕО | Корејскиот поп-бенд „BTS“ ја посети Белата куќа и зборуваа за омразата кон Азијците во САД

ВИДЕО | По Рики Мартин влезе во историјата: Кој е Џангкук кој пееше на Светското првенство?

Обожавателите во „кома“, музичкиот феномен БТС ќе паузира, членовите ќе одат во војска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот