Почина уште една ѕвезда од „Сопранови“, легендарниот Хеш
Актерот Џери Адлер, ѕвезда од сериите „Сопранови“ и „Добрата сопруга“, почина на 96-годишна возраст.
Препорачано
„Џери Адлер почина на 23 август 2025 година на 96-годишна возраст. Роден на 4 февруари 1929 година, Џери беше жител на Њујорк“, објави неговото семејство.
Пријателот на Адлер, Френк Џ. Рајли, сподели неколку фотографии на социјалната мрежа Икс, заедно со поменот по објавата.
„Големиот актер, мојот пријател Џери Адлер, почина денеска на 96-годишна возраст“, напиша Рајли, а потоа продолжи: „Го познавате по една од неговите култни улоги, а потоа и по неговите бројни гостувања. Не е лошо за човек кој почнал да глуми дури на 65 години“.
‘The Sopranos’ actor Jerry Adler dies aged 96
He is remembered for playing Hesh Rabkin, the bluntly honest mentor to Tony Soprano https://t.co/5SNxhfC3q8
— NME (@NME) August 24, 2025
Адлер дебитирал како актер на 62-годишна возраст во ТВ-серијата „Бруклински мост“ од 1991 година, а својата прва главна улога ја добил две години подоцна во филмот на Вуди Ален „Мистерија на убиството на Менхетен“. Тој глумел во неколку други серии во текот на 90-тите, вклучувајќи ги остварувањата „Добро веќе“ и „Улица Хадсон“.
Неговата ѕвездана улога дојде на крајот од деценијата во серијата на Ејџ-би-о „Сопранови“ во која го играше Херман „Хеш“ Рабкин, доверливиот советник на Тони Сопрано (кој го играше покојниот Џејмс Гандолфини).
Адлер се појави во пилот епизодата од серијата во 1999 година, а играше сè до последната сезона во 2007 година.
View this post on Instagram
Смртта на Адлер доаѓа откако неговиот поранешен колега Чарли Скејлс почина во мај на 84-годишна возраст по долга борба со Алцхајмеровата болест. Неговиот друг колега, Гандолфини, почина од срцев удар на 51-годишна возраст во 2013 година.
По светската популарност со „Сопранови“, Адлер имаше уште една главна улога како Хауард Лајман во правната драма „Добрата сопруга“. Тој глумеше во 30 епизоди од 2011 година до последната сезона од серијата во 2016 година. Адлер се врати на улогата во спин-оф серијата „Добрата борба“ за две епизоди во 2017 година и во 2018 година.
Роберт Кинг, извршен продуцент на двете серии, откри на социјалната мрежа Икс дека актерот првично требало да се појави само во една епизода од „Добрата сопруга“ пред да добие постојана улога во серијата.
– Џери Адлер почина вчера. Требаше да се појави само во една епизода од „Добра сопруга“, но беше толку смешен во сцената во ресторанот, викајќи „Реков сладолед, глупава кучко“, што го ангажиравме за следните шест години во таа серија, па уште три години во „Добрата борба“ – напишал Кинг, па додал: „Тој беше еден од нашите омилени соработници“.
Последната улога на Адлер беше во осмата сезона на ситкомот „Луд по тебе“ од 2019 година.
Адлер беше во брак со Џоан Лаксман.
Почина легендарниот актер од „Сопранови“: Глумеше мафијаш, а и беше мафијаш


