Почина Сузан Шеферд, актерката од „Сопранови“ позната како „мафијашката мајка“

Фото: Принтскрин/ Твитер

Американската актерка и театарска режисерка Сузан Шеферд почина на 89-годишна возраст на 17 ноември, потврди нејзиното семејство во саботата вечерта.

Актерката беше позната во јавноста како „мафијашка мајка“ благодарение на улогите во филмот „Goodfellas“ на Мартин Скорсезе, каде што ја глумеше мајката на Карен Хил и серијата „Сопранови“, каде што ја играше мајката на Кармела Сопрано.

Внуката на Сузан, Изабел, потврди за „Сан“ (US Sun) дека актерката починала, но причината за смртта не е наведена, а семејството не соопшти повеќе детали.

Обожавателите ги преплавија социјалните мрежи со почести за актерката, поздравена како една од најдобрите американски актерки од „гангстерските филмови“.

„Одлична актерка и учителка“, „Ова е толку тажно“, „На сите ќе им недостига“, напишаа многумина на социјалните мрежи.

Поминаа неколку години откако Шеферд последен пат се појави на екранот, но тоа не значи дека таа не била активна. Таа долго време работела и како учител по глума, а Кристофер Мелони, Џоан Ален и покојниот Грегори Хајнс се само дел од нејзините ученици кои постигнале голем успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот