Почина Радиша Миљковиќ – Радашин, еден од најпознатите учесници на „Големиот брат“

Фото: Скриншот/Јутјуб

Почина Радиша Миљковиќ – Радашин, еден од најпознатите учесници на регионалното реално шоу „Големиот брат“ („Veliki brat“). Како што пренесоа српските медиуми, тој починал синоќа, во своето родно село Љуптен.

Неговиот кум ја потврди тажната вест за српскиот портал „Блиц“.

„Почина синоќа. Вчера бев во селото и беше критично“, изјавил кумот на Радашин.

Инаку, Радиша Миљковиќ беше учесник во неколку реални шоуа, а многумина коментираа дека е двојник на актерот Радош Бајиќ.

Последните денови од животот ги поминал во родното село со сопругата Златка, синот, снаата и внуците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот