Почина првата кандидатка за Оскар со афроамериканско потекло

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Легендарната актерка Сисели Тајсон, првата Афроамериканка која беше номинирана за престижната награда Оскар, почина вчера на 96-годишна возраст.

Оваа информација ја потврди нејзиниот долгогодишен менаџер Лери Томпсон, а причината за смртта се уште не е позната.

Актерката ќе остане запаметена по долготрајната и богата кариера, а особено по номинацијата за Оскар за улогата во филмот „Sounder“, како и по наградите Тон и Еми.

Таа се избори за правата на оваа популација, а нејзините улоги во филмовите беа разновидни, од робинка, активистка за човекови права, деловна жена, борец за вистината, мајка и уште многу други. Во секој лик таа внесуваше еден вид на длабочина, посебни емоции, грациозност…

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Нејзината филмографија ги вклучува некои од најпознатите филмови и телевизиски емисии во кои значајни улоги имаат Афроамериканките како “Sounder”, “The Autobiography of Miss Jane Pittman”, “Roots”, “The Marva Collins Story”, “The Women of Brewster Place” и “The Help”.

Сепак, во неколку наврати Сисели истакна дека нејзиното најголемо достигнување било во 2016 година, кога тогашниот американски претседател Барак Обама и го доделил Медалот на слободата.

„Во својата долга и извонредна кариера Сисели Тајсон не само што ја надмина улогата на актерка, туку таа го обликуваше и текот на историјата“, изјави Обама тој ден.

Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

„Јас сум едно од трите деца кои пораснаа во подрачјето кое денес е познато како Ел Барио, а тоа беше источната страна на Њујорк. Од тоа место да дојдам во Белата куќа и првиот претседател Афроамериканец да ми стави медал околу вратот, па што повеќе би можела да посакам од тоа“, изјави актерката тогаш.

Таа е родена на 19 декември 1924 година во Њујорк. Се школувала на Универзитетот во Њујорк.

„Секогаш одев чекор понатаму, се обидував да ги откријам работите, да истражувам и да учам“, беа нејзините зборови.

На Фејсбук од неа се прости и поранешната американска прва дама, Мишел Обама.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот