Почина проф. д-р Атанас Вангелов

Атанас Вангелов / Фото: Архива

Денес почина македонскиот поет, критичар и книжевен теоретичар проф. д-р Атанас Вангелов.

Добитник е на наградата за животно дело во областа на науката и образованието, научник од европски формат и  исклучителен познавач на јазикот, критичар, теоретичар на книжевноста, на уметноста и културата.

Во изјава за Слободен печат веста за неговата смрт ја потврди и проф. д-р Људмил Спасов.

– Ова претставува голема загуба за македонската култура воопшто, бидејќи Атанас Вангелов беше критичар и книжевен теоретичар на уметноста и културата и голем познавач на творештвото од 19 век. Треба секоја година да ја одбележуваме неговата слава и дело, рече професорот Људмил Спасов, во кратка изјава за Слободен печат.

Меѓу многубројните дела на Атанас Вангелов значајни се 15 студии, критики со изразито полемички потенцијал, а меѓу нив тој врвен дострел постигнува со оние што се посветени на творештвото на Блаже Коневски, лирската биографија на Конески.

Инаку, роден е во Богданци на 6 февруари 1946 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје, каде станал доктор по филолошки науки и работеше како професор. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, лектор по македонски јазик и литература во Париз, а работел и како новинар во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи”. Од 1967 година членувал во Друштвото на писатели на Македонија.

Автор е на книгите: Земјата на цветот (поезија, 1966), Препев на планината (поезија, 1970), Мистер Порфирие (телевизиска драма, 1971), Живеалиште (поезија, 1974), Глетки и пивиденија (поезија, 1977), Песме / Песни (1978), Артизмот и современата македонска поезија (студија, 1978), Преданија (поезија, 1978), Литературни студии (1983), Строго доверливо (поезија, 1985), Решето (критики, 1985), Неодредени лични заменки (драма, 1986), Семантички фигури во македонската народна лирика (студија, 1987), Траги (поезија, 1991), Преписите на Божин Павловски (студија, 1992), Микрочитања (критики, 1993), На безгласје глас (поема, 1994), Гласови и траги (поезија избор, 1995), Исказот и стварноста (критики), Водопад (поезија, 1998), Морфологија на бо(љ)шевизмот(студија, 1998), Проетцонтра македонизми (критики, 1998).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот