Почина познатата оперска пејачка Жаклин Дарк: На 55 години ја загуби битката со ракот
Австралиската оперска и кабаре пејачка Жаклин Дарк почина на 55-годишна возраст.
Препорачано
Наградуваната пејачка, која починала во болница во Сиднеј во вторникот вечерта, била сакана театарска ѕвезда позната по својата дарежливост на и надвор од сцената, пишува „Дејли меил“.
Била дијагностицирана со ретка форма на рак и била подложена на операција и хемотерапија.
Нејзиниот сопруг Брин Канен ја сподели тажната вест на Инстаграм.
„Убавата мајка на Ксандер, мојата незаменлива, жестока, извонредна Баби, дамата на Тан, ќерката на Дот, сестрата на Ендрју, омилената колешка на сите – таа значеше толку многу работи за толку многу прекрасни луѓе и го зеде последниот херојски здив опкружена со длабок мир и длабок љубов“, напишал тој во објавата.

Таа се појави во ТВ шоуто „So You Think You Can Dance“ и беше гостин панелист на музичкиот квиз „Spicks and Specks“.
Таа има настапувано ширум светот со многу водечки австралиски оркестри и хорови, вклучително и „Opera Australia“, „Victorian Opera“ и „Pinchgut Opera“.
За време на нејзината кариера, Жаклин освои многу награди, вклучувајќи две награди Green Room и награда Helpman.


