Почина Паоло Роси, италијанската и светска фудбалска легенда

Фото: Твитер

Најдобриот стрелец на Светското првенство во 1982 година, Паоло Роси почина на 64-годишна возраст по долго боледување, пренесуваат италијанските медиуми. 

Врвот во неговата кариера на Паоло Роси беше Мундијалот во Шпанија (1982) кога беше најдобар стрелец со шест постигнати гола и еден од најзаслужните за титулата светски шампион со репрезентацијата на Италија.

Истата година тој ја освои „Златната топка“ за најдобар играч во светот во изборот на новинарите.

Роси ја започна својата кариера во Јувентус, па се пресели во Виченца и Перуџа за да го достигне врвот на кариерата повторно во дресот на „Старата дама“ и Милан. Со Јуве освои две титули во Италија, Купот на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Купот на Италија.. Тој се збогуваше со фудбалот во Верона.

После тоа, тој работеше главно како фудбалски аналитичар за телевизија, беше новинар на РАИ и Медијасет. А во 1980 година доби тригодишна забрана за играње, бидејќи беше учесник во обложувачки скандал.

Казната му беше намалена за да може да игра на СП каде постигна три гола против Бразил, апсолутен фаворит на шампионатот.

Веста за неговата смрт ја објави неговата сопруга Федерика, со зборовите „пер семпре“ (засекогаш). Зад себе ги остави сопругата Федерика и трите деца: Софија Елена, Марија Виторија и Алесандра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот